More

    Дали знаете што значат иницијалите на бонбоните M&M?

    spot_img

    Дали некогаш сте се запрашале што всушност значат иницијалите M&M на популарните бонбони?

    Овие шарени чоколадни бонбони се омилените слатки на многу луѓе, но луѓето дури сега почнуваат да се прашуваат што е значењето на иницијалите испечатени на нив. Иако биле измислени во 1941 година, малкумина се запрашале што точно значи нивното име.

    Првиот иницијал е првата буква од името Марс, а втората го претставува името Murrie.

    „Воени“ бонбони
    Mars & Murrie, или Forrest E. Mars Sr. и Брус Мури се основачи на овој бренд. Форест Е. Марс е син на Френк Ц. Марс, основачот на брендот Марс, а идејата да создаде чоколадни бонбони ја добил додека се обидувал да најде решение како чоколадото да не се топи пребрзо. Тој се здружил со синот на директорот на познатиот бренд Hershey Chocolate и заедно создале бонбони M&M.

    Интересно е тоа што бонбоните биле дизајнирани така што војниците можеле да ги носат со себе без страв од топење на чоколадото. По завршувањето на војната, Марс стана целосен сопственик на брендот.

    Многумина беа изненадени од фактот што бонбоните се создадени за војниците во Втората светска војна, додека некои коментираа на Reddit дека секогаш мислеле дека иницијалите значат звук „мммм“ што го прават кога ги јадат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img