More

    ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ДО СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВЕТИ САВА

    spot_img

    Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до српската заедница и до останатите припадници од православна вероисповед кои го чествуваат големиот христијански празник Свети Сава.

    – Во мое лично име и во името на Општина Охрид Ви упатувам срдечни честитки по повод големиот празник Свети Сава со најискрени желби за добро здравје, мир и благосостојба. Посакувам делата на овој просветител да ни го покажат вистинскиот пат и да бидат нашиот пример за поголема истрајност во градењето на попросперитетна иднина. 

    Македонскиот и Српскиот народ имаат нераскинлива поврзаност, која се темели на заедничка историја и затоа отсекогаш сме биле пример за взаемна доверба и добрососедство. Српската заедница во Република Македонија претставува значаен дел од нашето општество и дава голем придонес во напредокот и равојот на сите сфери од живеењето. Верувам дека и во текот на наредниот период, во духот на пријателство ќе продолжиме заедно да чекориме напред и да обезбедиме подобри услови за живеење за сите граѓани. 

    Нека Ви е честит и вековит големиот празник!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img