More

    Бујар Османи ја поздрави одлуката на Европскиот парламент

    spot_img

    По десет години чекање и чиста препорака од Европската комисија Европарламентот денеска ја изгласа визната либерализација за Косово. Косовските граѓани ќе можат да престојуваат во земја-членка на ЕУ до 90 дена во кој било период од шест месеци. Одлуката треба да стапи на сила до 1 јануари идната година.

    Се шпекулира дека деценискиот ќорскокак се случил поради земјите што не ја признаваат независноста на Косово, а се спомнуваат и имињата на Холандија и Франција поради некои други причини.

    Министерот за надворешни работи на Cеверна Македонија на Фејсбук ја поздрави одлуката на Европскиот парламент да одобри визна либерализација. Toj смета дека ова е важно за интеграцијата на Косово во ЕУ и дека со ова се заокружува слободното движење на граѓаните на Западен Балкан во Унијата.

    Некои земји членки на Унијата уште не го признаваат Косово.

    Во меѓувреме, американскиот амбасадор Кристофер Хил изјави дека САД нема да се откажат додека не се формира Заедницата на српските општини(ЗСО) на Косово. Тој денеска изјаи дека тоа мора да биде клучен елемент во спроведувањето на договорот за нормализација од Охрид, јавува дописникот на МИА од Белград.

    – Она што можам да ве уверам е дека нема да се откажеме додека тоа не се случи – порача Хил додавајќи дека сите велат „колку побрзо, толку подобро“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img