More

    Британските медиуми за скандалот на аеродромот: Бајден го турна Сунак

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден покажа непочитување кон британскиот премиер Риши Сунак, за време на средбата на воениот аеродром во близина на Белфаст во Северна Ирска, каде што слета американскиот претседателски авион, објавија британските медиуми.

    „Веднаш по слетувањето, американскиот претседател студено го поздрави, а потоа го оттурна премиерот, а многумина го сфатија тоа како навредлив дипломатски гест“, забележуваат британските новинари.

    На видеото се гледа како Бајден накратко го поздравува Сунак по излегувањето од авионот, а потоа го турка настрана британскиот премиер за да го поздрави претставникот на кралот во округот Антрим, Дејвид Мекоркел и ја прегрнува американската амбасадорка во Велика Британија, Џејн Хартли.

    „Тоа требаше да биде посебен момент за Риши Сунак… Но, премиерот се нашол во непријатна ситуација“, пишува „Дејли мејл“.

    Во вторникот, Бајден пристигна во четиридневна посета на Велика Северна Ирска за да ја одбележи 25-годишнината од мировниот договор и крајот на триесетгодишното крвопролевање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img