More

    Браќата и сестрата на Бајден не може да влезат во Русија

    spot_img

    Руските власти денеска соопштија дека им забраниле на група од 200 Американци да влезат на територијата на Руската Федерација, меѓу кои двајцата браќа и сестрата на американскиот претседател Џо Бајден, како и на неговата портпаролка Карин Жан-Пјер.

    Како што е наведено, таа забрана е одговор на американските санкции кои претходно беа воведени кон Русија.

    – Одлуката е донесена како одговор на санкциите на администрацијата на Бајден – соопшти руското Министерство за надворешни работи.

    На листата се Џејмс Брајан Бајден и Френсис Вилијам Бајден, двајцата браќа на американскиот претседател, како и неговата сестра Валери Овенс.

    Исто така, на списокот е и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој силно ја критикуваше руската офанзива во Украина, како и разни политички личности и членови на американската администрација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img