More

    Брачен пар од Сараево сака да го посвои новороденчето кое беше спасено од урнатините во село на границата меѓу Сирија и Туркије

    spot_img

    Брачен пар од Сараево сака да го посвои новороденчето кое беше спасено од урнатините во село на границата меѓу Сирија и Туркије. Како што пишува Аваз, по шокантната вест за спасено новороденче од урнатините, млад брачен пар без деца се јавил во редакцијата.

    „Ве молиме, помогнете ни да дојдеме до ова дете и да му дадеме бескрајна љубов и утеха. Проширете ја веста за да се знае дека во Сараево има двајца млади луѓе кои моментално немаат свои деца и кои би сакале да го посвојат ова бебе и дајте му ја сета можна љубов на овој свет“, со плачлив глас му порача жена од Сараево на тимот на порталот Аваз.

    Во урнатините на куќа во Јандаирис, Сирија, едно од местата погодени од разорниот земјотрес, спасувачите пронајдоа живо новороденче кое со папочната врвца сè уште беше поврзано со неговата мајка.

    Мајката, таткото, трите сестри, братот и тетката на малото девојче не го преживеале ударот врз четирикатницата каде престојувале.

    Бројот на жртви од разорниот земјотрес во Туркије и Сирија расте, а моментално се потврдени над 8.400 загинати лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img