More

    Борисов и Трифонов ги договараат условите за коалицирање

    spot_img

    Заземање потврд и понепопустлив однос кон Македонија била една од темите, за која во рамките на преговорите за можно заедничко формирање влада, разговарале и постигнале согласност актуелниот мандатар за формирање влада на Бугарија Бојко Борисов од партиајта ГЕРБ и потенцијалниот коалициски партнер Слави Трифонов од партијата „Има таков народ“.

    Тие разговарале на повеќе теми, како што е усвојувањето на еврото, влегувањето во Шенген-зоната, но и односите со Македонија, пренесува Њуз.бг, повикувајќи се на одговор на Борисов на прашање на кои теми разговарале со Трифонов.

    – Темата Шенген, темата на еврозоната, планот за закрепнување… И она што го изјавија вчера – многу поодговорна, поцврста позиција во однос на Република Северна Македонија. Не може нивниот претседател да зборува на таков начин и да игнорира нашиот претседател – го претстави консензусот меѓу двете политички сили Борисов.

    Тој, според бугарскиот медиум, сепак одбил да одговори на прашање за тоа каква е позицијата на „Има таков народ“ кон темата Македонија.

    – Не можам да зборувам во име на друга партија, разговарам со лидерите на теми за кои можам да се договорам – рече Борисов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img