More

    Борел: Успешните санкции против Русија му отежнуваат на Путин да ја финансира војната

    spot_img
    Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, оцени дека санкциите против Русија се успешни и заедно со политичката, финансиската и поддршката за Украина, носат ефекти и го отежнуваат Русија да ја финансира војната, додека руската економија ја губи способноста да се модернизира. „Целта на санкциите е да се намали способноста на Путин да ја финансира војната. И да видиме, Путин не можеше да ја продолжи почетната офанзива од големи размери во Украина и сега се турка на исток. Но, санкциите не се магичен одговор и нема да ја запрат војната сами по себе. Санкциите се само една од алатките што ги користиме“, рече Борел во интервју за полската државна агенција ПАП. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ Брисел, ЕУ, Европскиот парламент, илустрација за еу, знамиња Донесени се нови санкции на ЕУ, насочени кон рускиот воено-индустриски комплекс СВЕТ 16 декември 2022 година 14 Висок европски функционер изјави дека ОЕЦД предвидува дека, наместо раст, руската економија ќе доживее пад од 5,6 отсто, дека над илјада меѓународни компании што претставуваат 40 отсто од рускиот БДП доброволно ќе го ограничат своето работење, а за тие компании во Русија врзани се пет милиони работни места. „ЕУ го намали увозот на руска нафта за 90 отсто, ние го намаливме увозот на руски гас на рекорден минимум. И да не заборавиме, не само ЕУ воведе санкции. Има 40 земји кои воведоа санкции и тие претставуваат 50 отсто од глобалниот БДП“, рече Борел. Шефот на европската дипломатија повтори дека ЕУ ќе и дава помош на Украина се додека ѝ е потребна, особено со финансирање на дел од основните потреби на населението, бидејќи според проценките направени во соработка со Меѓународниот монетарен фонд, во буџетот на Украина недостасуваат три до четири милијарди евра месечно. „Европската комисија предложи на Украина да и се додели дополнителна помош од 18 милијарди евра за 2023 година, што значи 1,5 милијарди месечно. Земјите членки го усвоија предлогот, а сега мора да го усвои и Европскиот парламент“, рече Борел. Во разговор за полска агенција, европскиот функционер не исклучува дека Русија може да прибегне кон нуклеарно оружје, но нагласи дека огромното мнозинство од меѓународната заедница нема да дозволи Русија да ја уценува. „Очигледно е дека ако некој што непромислено ја прекршува Повелбата на ОН и меѓународното право стане очаен кога работите не се развиваат според неговите идеи, тој нема да се двоуми да се закани дека ќе користи се што има во неговиот арсенал на терор. Но, ние и огромен дел од меѓународната заедница многу јасно ја отфрламе неодговорната нуклеарна уцена на Русија“, рече Борел.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img