More

    Борбата против „нарко-државата“ му донесе моќни непријатели

    Борбата против корупцијата, политичката и нарко-мафијата во Еквадор, на еквадорскиот политичар Фернандо Вилависенсио (59) кој беше убиен во средата на предизборен митинг, му донесе моќни непријатели – пишува Си-Ен-Ен.

    Вилависенсио кој беше кандидат за претседател на Еквадор на претстојните избори, беше познат како борец против корупцијата, а тврдеше и дека земјата станала нарко-држава, при тоа тој во еден од јавните настапи го впери прстот и кон албанската мафија која како, што рече, ја контролира земјата заедно со уште два мексикански картели.

    – Денес Еквадор е контролиран од картелот Халиско Нова генерација и картелот Синалоа, обајцата од Мексико, како и албанската мафија – изјави Вилависенсио за Си-Ен-Ен Еспањол во мај.

    Како пратеник во Националното собрание, Вилависенсио отворено зборуваше за корупцијата и насилството предизвикано од шверцот со дрога во земјата, а во мај, во изјава за Си-Ен-Ен рече дека Еквадор станал нарко-држава и се заложи да ја предводи борбата против политичката мафија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img