More

    Бисерите на американскиот претседател Џо Бајден повторно се во јавноста

    spot_img

    Бисерите на американскиот претседател Џо Бајден повторно се во јавноста. Овојпат тој на говор во кампања во Флорида рече неколку контрадикторни нешта. Зборувајќи за инфлацијата Бајден укажа на војната во Ирак и рече дека неговиот син Бо загинал во војната. Подоцна во говорот Бајден се поправи за да каже дека неговиот син починал од рак на мозокот шест месеци откако завршил со воениот рок, пишува Њузвик.

    Всушност, Бајден рече дека го спомнал Ирак „бидејќи таму умре мојот син“ по грешка мислејќи на војната во Украина, која е поврзана со инфлацијата во САД.

     

    Критики стигнаа и за тоа како Бајден ја објасни инфлацијата во САД, погрешно едначејќи ја со поимот за плата. Оваа грешка, велат критичарите, ја правел и неговиот претходник Доналд Трамп.

    – Тоа е она што јас го нарекувам инфлација. Крајот на месецот. Што ви останува. Немате пари. Тоа е инфлација. Што е, што правите, работите што ви требаат. Дали тие поскапуваат? Да, поскапуваат – изјави Бајден.

    Инфлацијата всушност беше главната тема на неговата кампања во Флорида со која претседателот требаше да ги промовира успесите на Законот за намалување на инфлацијата на неговата администрација.

    Понатаму, Бајден се осврна на неодамнешниот ураган Иан кој предизвика хаос во Флорида. Но, наместо Иан, тој го нарече Иван. Ова е помал гаф спореден со другите, пишува Њузвик, иако бурата Иван беснеела на Карибите во 2004 година.

    Последниот гаф за кој уште се спори во јавноста е изјавата на Бајден дека тој зборувал со пронаоѓачите на инсулинот, Џејмс Колип и Чарлс Бест. Претседателот го кажа ова во контекст на високата цена на лековите во САД. Тој рече дека Колип и Бест го продале патентот за инсулинот за 1 долар на Универзитетот во Торонто бидејќи сакале лекот да биде достапен за сите луѓе.

     

    Конзервативците во САД сметаат дека Бајден не се сретнал со Колип и Бест. Фактите велат дека Колип починал во 1948 година, а Бест во 1978 година, пет години откако Бајден беше избран во Сенатот на САД. Други луѓе сметаат дека постои шанса Бајден да ја кажува вистината.

    Гафовите на Бајден беа тема и вчера во медиумите, кога тој изјави дека САД се состојат од 54 држави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img