More

    Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ  поевтинува за 2,5 денари, а „еуросупер БС-98“ за 3 денари

    spot_img

    Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ  поевтинува за 2,5 денари, а „еуросупер БС-98“ за 3 денари. Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство нема да поевтинат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

    Литар  бензин од 95 октани од полноќ ќе чини 83,50 денари, а оној од 98 октани  85,5 денари. Цената на дизелот останува 86 денари за литар, а на маслото за горење екстра лесно 85 денари.

    За 1,691 денар се намалува и цената на Мазутот и килограм ќе чини 46,976 денари.

    Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95%.

    РКЕ информира дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,215%, кај дизелот за 1,205%, кај екстра лесното масло има намалување за 1,350%, а кај мазутот намалувањето е за 4,990%.

    Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,546%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img