More

    Белата куќа бара републиканците да се дистанцираат од него

    spot_img

    Белата куќа ги осуди изјавите на Доналд Трамп, во кои тој тврди дека случајот на наводна изборна кражба дозволува суспензија на уставните одредби и ги повика републиканците да излезат и да го критикуваат поранешниот претседател.

    – Секој претседател и секој конгресмен дава заклетва дека ќе го брани Уставот на САД. Да се бара од членовите на Конгресот да ја потврдат својата заклетва на функцијата и да го поддржат Уставот не треба да биде тешко. Републиканците во Конгресот мора да го сторат тоа сега, наместо постојано да одбиваат да одговорат на најосновното прашање – изјави вчера портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс

    Некои републиканци ги осудија ставовите на Трамп, кои тој во саботата ги објави на неговата онлајн платформа „Truth Social”, но многумина не го осудија целосно.

    Трамп минатиот месец објави дека по трет пат ќе се кандидира за претседател на изборите во 2024 година.

    – Масoвната измама од овој вид и нејзиниот размер овозможува укинување на сите правила, прописи и членови, дури и оние што се наоѓаат во Уставот – рече Трамп во саботата, повторувајќи го своето тврдење дека изборите во 2020 година што ги загубил биле наместени, што државните институции го отфрлаат.

    Трамп го изјави ова по објавувањето на внатрешните документи за тоа како, пред изборите во 2020 година, Твитер го оневозможил споделувањето на напис во „Њујорк пост” за деловните активности во Украина на синот на актуелниот претседател Хантер Бајден и поврзаноста на тогашниот потпретседател Џо Бајден до нив.

    Хантер и Џо Бајден негираат дека има нешто спорно.

    Трамп вчера се обиде да ги ублажи своите забелешки со уште една објава на неговата социјална мрежа „Truth Social”.

    – Тоа што го реков е дека кога има „масoвна и широкораспространета измама и лага”, како што е непобитно докажано за претседателските избори во 2020 година, мора да се преземат итни чекори за тоа да се исправи – напиша Трамп.

    Поранешниот потпретседател Мајк Пенс и поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон, двајцата републиканци, вчера ги критикуваа изјавите на Трамп. Болтон рече дека е подготвен да размисли да се кандидира за претседател доколку повеќето републиканци не ги осудат коментарите на Трамп. Републиканските сенатори Џон Корнин, Лиза Мурковски, Џон Тун и Мајк Раундс, исто така, го осудија Трамп.

    Тун, вториот најистакнат републиканец во Сенатот, рече дека „не може повеќе да не се согласува” со изјавата на Трамп.

    Дадов заклетва дека ќе го бранам и поддржувам Уставот и го сфаќам многу сериозно”, рече тој.

    Сепак, Корнин и Тун не рекоа дека тие изјави го дисквалификуваат Трамп како претседателски кандидат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img