More

    Бектеши ги предупреди маркетите да не се обидуваат да прикриваат давачки

    spot_img

    Инфлацијата во делот за храната за месец октомври ќе биде под 2%, а вкупната инфлација во државата ќе биде преполовена, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

    – Според моите првични податоци за месец октомври кои ќе ги објави Државниот завод за статистика следната недела, инфлацијата во делот на храната ќе биде под 2%, а вкупната инфлација во државата ќе биде преполовена споредено со претходниот месец и тоа е како резултат на мерките кои ги усвои Владата, посебно Министерството за економија – рече министерот за економија Крешник Бектеши во интервју во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

    Министерот потенцираше уште еднаш дека мерките се носени во постојана комуникација, состаноци со сите засегнати страни од производителите до дистрибутерите и ланците на супермаркети. Упати порака до сите ланци на супермаркети, по добиените пријави од дистрибутери и производители да не бараат прикривање на одредени давачки, предупредувајќи дека казните ќе бидат големи.

    – Имаме пријави од дистрибутери и производители дека од нив се бара одредени давачки како што се рабат, рекламирање, маркетинг и слично да се прикријат, им порачувам на супермаркетите да не го прават тоа, затоа што го знаат Законот за потрошувачи. Да не се доведеме повторно во ситуација, дел од големите ланци на супермаркети да бидат затворени. Но, овој пат тоа нема да трае само 5 дена, овој пат ќе трае 30 дена, рече министерот Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img