Локалните власти во јапонскиот град Јамагучи објавија дека убиле еден од, како што пишува Би-Би-Си, „банда мајмуни“ која со недели ги тероризира жителите на градот. Досега макаките повредија речиси 50 луѓе во Јамагучи.
Ловците го пронашле мажјакот на теренот на гимназијата и го заспале откако било потврдено дека е дел од „бандата мајмуни“ одговорна за нападите.
Властите ловат мајмуни од почетокот на нападите врз возрасни и деца пред околу три недели. Повеќето од повредите се помали гребнатинки и каснувања.
Сè уште се известува за инциденти, а потрагата по други агресивни мајмуни продолжува. Се проценува дека заробениот мајмун имал четири години и висок околу половина метар
Јапонските макаки се вообичаени во некои делови на Јапонија, а во некои области тие се штетници бидејќи јадат земјоделски култури и понекогаш влегуваат во домовите. Сепак, нападите врз луѓе се невообичаени, јавува Би-Би-Си.