More

    БАЛФИН Австрија почна со изградба на луксузен станбен проект во една од најексклузивните области во Виена, Австрија

    spot_img

    БАЛФИН Австрија почна со изградба на луксузен станбен проект во една од најексклузивните области во Виена, Австрија. Проектот вклучува два станбени објектa со петкатни згради и вкупна површина од 1050 м2, сместени во реонот меѓу Дистрикт 18 и 19. Оваа инвестиција изнесува 8 милиони евра и се очекува да биде завршена до крајот на 2022 година.

    Групацијата БАЛФИН неодамна го прошири опсегот на инвестиции во различни земји од балканскиот регион и во земјите од Европската Унија, со посебен фокус на Австрија. Првата инвестиција на БАЛФИН Австрија е станбениот комплекс во Алтминстер, многу популарна туристичка област во близина на езерото Тронзи.

    Компанијата БАЛФИН Австрија е дел од групацијата БАЛФИН, основана во април 2018 година и во нејзината дејност е развој на недвижности во Австрија. Вклучувањето на Групацијата БАЛФИН на овој пазар е показател на моќта и на човечките и на финансиските капацитети на групацијата да биде конкурентна под еднакви услови со другите бизниси во оваа земја или во која било друга западноевропска земја.

    Проширувањето и инвестирањето надвор од границите на Албанија и Западен Балкан е дел од пристапот на групацијата за проширување на својата активност во Европската Унија. Во Австрија, БАЛФИН е присутна со две компании. Покрај БАЛФИН Австрија, тука е и Алба-Трејд, основана во 1993 година. Оваа компанија работи на полето на трговија со електронска опрема.

    Оваа година, БАЛФИН го дополни своето присуство во уште една централноевропска земја -Швајцарија, каде што претставништвото на BALFIN Real Estate работи на пазарот на недвижности, со фокус на албанската дијаспора и потенцијалните локални клиенти.

    Групацијата БАЛФИН има широко бизнис-портфолио, кое вклучува тешка индустрија, развој на недвижнини, банки, рудници, трговски центри и малопродажба. Балфин работи на 7 различни локации низ светот и денес има околу 5.500 вработени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img