More

    Австриската компанија поднела три кривични пријави, случај за кој реагираше амбасадорот на Австрија

    spot_img

    Основното јавно обвинителство денеска се огласи дека австриската компанија, за која австрискиот амбасадор во Скопје вчера испрати посмо до јавноста дека има ненаплатен долг од 4,5 милиони евра од валандовската фирма поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев и дека судскиот систем целосно потфрлил во спорот, до ОЈО Гевгелија поднела дури три кривични пријави за разни дела и страни. Од таму ја уверуваат јавноста дека по поднесените кривични пријави се постапува исклучително ажурно.

    „Наведеното правно лице во 2021 година до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднело кривична пријава за кривично дело – Измама и Злоупотреба на службена положба. Надлежниот јавен обвинител, по проверка на сите наводи утврдил дека елементи на наведените кривични дела, туку елементи на граѓанско-правен однос за кој оштетените воделе постапка која е завршена пред Меѓународниот центар за арбитража во Виена, Австрија. По изјавената жалба на решението, предметот се наоѓа на постапување во Вишото јавно обвинителство Скопје“, соопшти Обвинителството.

    Во меѓувреме, австриската компанија поднела пријава до ОЈО Гевгелија за кривично дело – Оштетување или повластување на доверители, а најголем впечаток оддава информацијата од Обвинителството дека следувала и кривична пријава за работењето на службени лица од Катастарот.

    „Пријавата е примена на 26.05.2023 година и надлежниот јавен обвинител веќе постапува, прибира докази, а по потреба ќе нареди и соодветни вештачења. До Основното јавно обвинителство Скопје, пак, истото правно лице на 23.06.2023 година поднесе кривична пријава против непознати службени лица во Агенцијата за катастар за недвижности за Несовесно работење во службата, Фалсификување службена исправа и Компјутерски фалсификат. Пријавата веќе е распоредена кај јавен обвинител, се проучува и се преземаат дејствија со цел да се испитаат наводите, да се обезбедат докази и да се идентификуваат евентуални сторители“, откриваат од Обвинителството.

    Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, преку допис до медиумите, упатува жестоки критики до македонското правосудство, барајќи да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „ДЕНА трејд“ за производство на корнишони, поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.
    Фирма од Австрија, која има побарување од 4,5 милиони евра од македонска фирма, и времена мерка за забрана за отуѓување на нејзиниот имот, реагира на тоа што и покрај судската забрана, фирмата ја отуѓува својата сопственост, оставајќи мали или никакви шанси доверителот, австриската компанија АММА, да си го наплати долгот. Според австриската амбасада, станува збор за злоупотреба од страна на нотари, извршители и судски функционери, кои се под влијание на фирмата должник. Австрискиот амбасадор бара надлежните судски органи, обвинителството и стручните комори да реагираат и да го спречат криминалот. Една од фирмите, преку која се испумпува имотот на фирмата должник, е во сопственост на Емилија Заева Костова, братучетка на Зоран Заев и сопруга на самиот должник Атанас Костов од Валандово – наведува амбасадата на Австрија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img