More

    Армијата на Путин се соочува со сериозен недостиг на куршуми

    spot_img

    Руските сили се соочуваат со „значителен” недостиг на артилериска муниција што ги поткопува нивните операции во Украина, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

    – Русите имаат проблеми со логистиката од самиот почеток на војната во Украина и „сѐ уште имаат проблеми со логистиката – изјави Остин пред американски новинари.

    – Кај нив има значителен недостиг на артилериска муниција – потенцира американскиот секретар.

    Руските сили во голема мера се потпираат на артилерија… пред да маневрираат со копнена акција, рече Остин.

    – За таков вид операција, потребна е многу муниција. Не сум сигурен дека тие имаат таков вид муниција за да можат и натаму да функционираат на овој начин – истакнува секретарот за одбрана.

    Остин, исто така, рече дека руското снабдување со прецизно наведувана муниција е „значително намалено” во текот на деветмесечниот конфликт и дека Москва нема да може брзо да ги замени поради трговските ограничувања за предмети како што се микрочиповите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img