More

    Американците во своите автомобилите точат руско гориво

    spot_img

    Нафтена рафинерија во Сицилија, во сопственост на вториот по големина руски нафтен и гасен гигант Лукоил, дејствува како премин за руската сурова нафта, која на крај си пробива пат до САД, како бензинот и другите рафинирани нафтени производи, открива Волстрит џурнал.

    Иако пред руската инвазија на Украина, рафинеријата на Лукоил во Италија увезувала нафта од различни земји, во моментов 93 отсто од нафтата што ја преработува е од руско потекло. Со други зборови, не е претерано да се каже дека поради некоја причина рафинеријата на Лукоил во Италија е специјализирана за бизнисот со руската нафта, што е невообичаено во ситуација кога, наводно, ЕУ подготвува ембарго на нафта за увоз од Русија.

    Интригантната рафинерија на Лукоил се наоѓа на Сицилија и е на една од подобрите европски позиции за извоз во странство. Инаку, тоа е огромна рафинерија, петта по големина во Европа. Помалку е познато дека САД го санкционирале увозот на руска сурова нафта, но не и нафтени деривати, така што се е легално. Во исто време, поради некоја причина, дури ни САД не го санкционираа Лукоил, иако е втора по големина компанија во Русија во бизнисот со нафта и гас, по Газпром. Тоа навистина не е кажано, но впечаток е дека Лукоил не е под санкции токму затоа што се наоѓа во Италија, земја оптоварена со огромни јавни долгови, кои не можат да дозволат натамошна економска дестабилизација, особено не во енергетиката, т.е. најважната национална рафинерија.

    Како и да е, откако рафинеријата на Лукоил на Сицилија ја преработува руската нафта во деривати, тие легално стануваат италијански деривати кои, очигледно, немаат никаква врска со руската нафта, иако се 93 отсто од руско потекло. Затоа, рафинираните нафтени продукти се истураат без ограничување во танкери кои ги транспортираат до складиштата на Ексон и Лукоил во Њу Џерси и Тексас.

    За да биде приказната поинтересна, Лукоил како руска компанија сè уште има бензински пумпи дури и во САД и ги дистрибуира своите производи во 11 американски држави. Повеќето од 230 станици на Лукоил во САД се франшизи, а не физички имоти на Лукоил.

    Американското Министерство за финансии одби да коментира за увозот на деривати од Италија кои се произведени од руска нафта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img