More

    „Алкалоид“ АД Скопје опреми ново, модерно катче наменето за шаховска едукација и за турнири за младите почнувајќи од 7-годишна возраст

    spot_img

    Ценејќи го значењето на шахот во развојот на најмладите, „Алкалоид“ АД Скопје опреми ново, модерно катче наменето за шаховска едукација и за турнири за младите почнувајќи од 7-годишна возраст. Станува збор за две училници во центарот на Скопје, каде што најсилните македонски велемајстори ќе работат со најмладите во групи до 20 ученици.

    Според проценката на стручните експерти и на педагозите, шахот придонесува за развој на когнитивните способности кај најмладите, ја подигнува концентрацијата при учењето, ги подобрува аналитичкото размислување, решавањето проблеми и носењето одлуки, а во голема мера овозможува и дружење и креирање тимски дух.

    Шаховскиот клуб „Алкалоид“ е основан на 26 март 1976 година и важи за еден од најдобрите европски клубови. Има огромна колекција на титули, од кои најпрестижна е освоеното злато на Европскиот клупски куп во Нови Сад во 2016 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img