More

    Александар Талевски доби 6 месеци, а неговите синови по 3 за вербалниот напад над советници од Битола

    spot_img

    Александар Талевски, бизнисменот од Битола, кој вербално нападна советници од битолскиот Совет доби алтернативна мерка, условна осуда казна затвор од 6 месеци која нема да се изврши доколку во период од една година и шест месеци нема да повтори кривично дело, објави Независен.

    Ваква пресуда денеска донесе Основниот суд во Битола, откако битолското јавно обвинителство даде предлог-спогодба. Судењето беше на 10 овој месец.

    За синовите на Талевски, кои исто така беа дел од овој настан, изречена е алтернативна мерка 3 месеци казна затвор, која нема да се изврши ако за 1 година не сторат ново кривично дело.

    Инаку инцидентот на 28 декември во кафеана на битолски Широк Сокак, додека голем дел од советниците по изгласувањето на буџетот на Општина Битола и по одржаната седница седнале да вечераат секој на своја сметка.

    – На 28.12.2022 во 21,20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги приведиле А.Т. (48), А.Т. (26) и М.Т. (27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив. Тие, исто така, се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во полицискиот билтен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img