More

    Актерот во вакво издание не сте го виделе

    spot_img

    Актерката и пејачка Џенифер Лопез објави фотографија од голиот Бен Афлек! Џеј Ло (53) на овој начин му го честитала Денот на таткото на својот сопруг (50) кој минатиот викенд се славеше во Америка.

    „Денот кога ги славиме татковците! Среќен ти ден на татковците, тато, и на сите татковци ширум светот. Те сакаме повеќе отколку што некогаш ќе знаеш”, напишала Џенифер Лопез.

    На првата фотографија Бен излегува од под туш, покажувајќи го голото торзо до појас! Актерот на сликата изгледа како да не очекувал да биде фотографиран, но сепак покажа извајани стомачни мускули и тетоважи кои ретко можеме да ги видиме.

    На другите фотографии парот позира за романтични селфиња. Џеј Ло и Бен Афлек беа свршени пред 20 години. Прво се влубија во 2002 година, се свршија во 2004 година, а потоа раскинаа. Повторно се поврзаа во 2021 година, за да признаат дека повторно се вљубени, а се венчаа минатото лето на две церемонии, во Лас Вегас и Џорџија.

    Џеј Ло од претходниот брак со Марк Ентони ги има 15-годишните близнаци Еми и Макс, додека Афлек ги има ќерките Серафина (17) и Вајолет (14) и синот Семјуел (11) со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img