More

    Актерот Алек Болдвин тужел неколку членови на екипажот од сетот на филмот „’Рѓа“ во кој тој ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс, поради невнимание, што довело до трагичниот настан

    spot_img

    Актерот Алек Болдвин тужел неколку членови на екипажот од сетот на филмот „’Рѓа“ во кој тој ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс, поради невнимание, што довело до трагичниот настан. Тој поднел тужба пред Врховниот суд во Лос Анџелес, надевајќи се дека ќе ја отстрани дамката од неговото име.

    Покрај нив двајца, актерот поднесе тужба и против Сара Захра, која беше задолжена за реквизитите на сетот, како и Сет Кини, сопственикот на компанијата што ги обезбедуваше оружјето и муницијата, за кого тврди дека неговата компанија била „во неред“ и дека муницијата ја складирал „по случаен избор“.

    Адвокатот на Болдвин, Лук Никас, тврди дека до трагедијата дошло затоа што во сетот биле доставени вистински куршуми и пиштолот наполнет со нив. Тој тврди дека членовите на екипажот го прекршиле безбедносниот протокол кога му го предале оружјето на актерот.

    Како што понатаму е наведено во тужбата, актерот мора да живее со неверојатно каење, како и со последиците од емоционалните, физичките и финансиските загуби бидејќи оние што ги тужел се виновни што го увериле дека оружјето пронајдено во неговите раце е безбедно.Оваа тужба е дојде откако Меми Мичел, надзорник на сценариото на „Рѓа“, ги тужеше Болдвин, Хана Гутиерез Рид, Дејвид Холс и други, барајќи компензација за „физичката и емоционалната болка“ што ја претрпе.

    Хана Гутиерез Рид, пак, го тужела сопственикот на компанијата која била задолжена за пиштолите и муницијата, тврдејќи дека тој е тој што го донел сето тоа на сетот.

    Семејството на покојната Халина Хачинс се смирило со продуцентската куќа, како и со Болдвин и во овој случај не сакаат да се мешаат.

    Инаку, кога беше објавено дека сопругот на Болдвин и Халина Хачинс се спогодиле, се зборуваше и дека актерот ќе продолжи со снимањето на филмот во јануари следната година.

    Обласниот обвинител уште не поднел кривична пријава против никого.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img