More

    Адвокатот Апостолски вели дека наши државјани се гонат за сторени воени злосторства во Косово

    spot_img

    Aдвокатот Антонио Апостолски во интервју за информативниот портал НетПрес вели дека Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг води истраги против македонски државјани за воени злосторства сторени во Косово

    Во интервјуто, Апостолски зборува за првата пресуда во Хашкиот суд против поранешниот командант на косовското ОВК, Салих Мустафа, осуден на 26 години казна затвор за воени злосторства против цивили, како и за случаи покренати од Специјалното обвинителство за воени злосторства против македонски државјани за дела сторени во Косово.

    За пресудата против Мустафа, Апостолски вели дека како прва пресуда на овој суд е особено значајна.

    – При изрекувањето на судската пресуда, Советот ја призна огромната храброст на сведоците и жртвите кои сведочеа, и покрај тоа што на Косово беа етикетирани како „предавници” или „соработници” и беа изложени на закани и заплашувања поради соработка со Специјализираните совети или со Специјализираниот обвинител. Советот образложи дека ваквата клима на страв и заплашување е причината поради која судиите наредиле заштитни мерки за многу сведоци и жртви во овој случај и посочија дека тоа е и една од причините зошто овој суд е создаден и поради кој е преместен во Хаг – вели Апостолски.

    Апостолски објаснува дека во моментов најпознат случај кој го суди овој суд е против поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи кој се товари дека извршил злосторствата во периодот од најмалку март 1998 година до септември 1999 година и се случиле на неколку локации низ Косово, како и во Кукс и Чахан, во Северна Албанија. Тој тврди дека трибуналот води истраги и против македонски државјани.

    – Специјалниот обвинител водеше активни истраги и против државјани на Република Македонија за воени злосторства на територијата на Косово. Сепак, додека не се подигне обвинение и истото не стане достапно до јавност не може да се претпостави против кои лица ќе биде поднесено обвинение. Доколку има докази и доколку се утврди индивидуална или командна одговорност, секако дека ќе биде поднесено обвинение – вели Апостослки во интервјуто за НетПрес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img