More

    Адеми го удира Милошоски со рака и фрла шолја кон него

    spot_img

    Инцидентот предизвикан од караницата меѓу претседателот на Комисијата за европски прашања и групата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата заврши без сериозни физички повреди. Конфликтот ескалира откако претседателот на Комисијата, Арбер Адеми, се обиде да ја затвори расправата за дневниот ред на денешната седница, по што на говорницата во обид да земат збор, буквално со трчање, излегоа двајца пратеници на Алијансата, Халил Снопче и Елми Незири а зад нив, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, го исклучи микрофонот на говорницата од која се води седницата.

    Веднаш по неа пред позицијата од која се раководи со седницата излетаа повеќемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од кои, како што се гледа и на снимката, Антонијо Милошоски го витка и го потегнува на кај себе микрофонот на пултот пред претседателот на Комисијата.

    Тоа предзвикува жестока реакција на Адеми кој исто така го повлекува микрофонот (по што прекинува тонската снимка) почнува да треска на пултот и да вика по пратениците кои се наоѓаат пред неговата маса. На снимката не се слуша какви зборови си разменуваат, но во еден момент, Адеми ја зема шолјата за кафе и ја фрла кон нив, погодувајќи го во образот пратеникот на Алијанса, Хилми Азири. Потоа ја фрла и тацната.

    По неуспешниот обид на неговата сопартијка од ДУИ, пратеничката Арта Биљали-Зендели да го смири, подавајќи му пластично шише со вода за да се напие, Адеми и шишето го фрла кон пратениците кои стојат и се расправаат со него.

    Инцидентот се смирува откако реагира собраниското обезбедување кое го носи претседателот на Комисијата надвор од салата.

    Инаку, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците се обидуваат да го спречат донесувањето законско решение со кое за да не се предизвика парализа на правосудниот систем, по предлог на Министерството за труд и социјална политика, на 60 судии и на 13 обвинители кои во септември треба да се пензионираат им се продолжува работниот ангажман за три години, период во кој од Академијата за судии и обвинители треба да излезе новата генерација нивни наследници.

    Нивна клучна забелешка е тоа што ова решение не се носи по редовен пат, туку по скратена постапка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img