Сопругот на тенисерката Серена Вилијамс, ко-основач на платформата Редит, Алексис Оханијан, неодамна оперирал потенцијално канцерогени „јазли“ во тироидната жлезда.
Алексис Оханијан на Инстаграм објави фотографија од болничката соба во која е со ќерките Олимпија (7) и Адира, која неодамна наполни една година.
„Откако следев некои сомнителни јазли на мојата тироидна жлезда во последните четири години, неодамна хируршки ми беа отстранети половина од нив. Јазлите стануваа сè поголеми, а последната биопсија покажа дека е голема веројатноста да станат канцерогени. Мајка ми имаше рак на дојка околу таа возраст (41), а потоа, 10 години подоцна, таа почина од рак на мозокот. Го мразам ракот“, напишал Оханијан на Инстаграм и продолжил:
„Не сакав да ризикувам. Посебно сум благодарен за овој Ден на благодарноста бидејќи добив повик утрово со кој се потврди дека половината од мојата штитан жлезда што беше отстранета е навистина полна со некои јазли кои многу веројатно ќе станат канцерогени. Најлошиот дел, да бидам искрен, беше што не можев да вежбам во теретана две недели. Но, големиот човек ќе се врати следната недела. Ги одведов моите девојки во Дизни ворлд оваа недела, така што животот е убав. Мажи, закажете прегледи кај лекар, особено ако сте татко“, заклучил тој во својата објава.
Само неколку месеци претходно, во јули, сопругот на Серена Вилијамс откри дека има Лајмска болест