More

    85-годишната жена раскажа низ каков „пекол“ поминала, но и за тоа како биле згрижени заложниците во Газа

    spot_img

    Израелската заложничка Јочевда Лифшиц, која синоќа беше ослободена од Хамас, заедно со уште една жена, во болница во Тел Авив раскажа низ што се поминала во изминатите денови откако била киднапирана и однесена како заложник во Газа.

    85-годишната Израелка вели дека поминала низ пекол, опишувајќи како била киднапирана од вооружени лица на Хамас на мотори.Таа вели дека преку голема капија ја донеле во Газа, а од возењето добила модринки. Вели и дека тешко дишела.

    Лифшиц упати критики за израелските власти велејќи дека потрошиле милијарди на граничната ограда – но не направиле ништо за да го спречи Хамас да премине.

    Ќерката на Јочевда Лифшиц, Шерон, која живее во Лондон, ѝ помогна на својата мајка да го раскаже своето тешко искушение пред медиумите, преведувајќи го на англиски, објасни дека нејзината мајка била возена на мотор и тепана со стапови.

     

    Таа раскажа дека киднаперите и го одзеле часовникот и накитот додека ја возеле. Кога се симнала од моторот, луѓето кои ја сретнале и рекле дека „веруваат во Куранот“ и дека нема да ја повредат.

    Нејзината мајка и уште 24 луѓе биле однесени во тунели за кои таа опиша дека имале „меко, влажно тло“.

    Киднапираната Израелка опиша дека таму каде што биле однесени имало „огромна мрежа“ од подземни тунели управувани од Хамас, кои ги споредува со „пајажина“.

    По два-три часа откако ги однесел во тунелите, пет лица од кибуцот Нир Оз биле одвоени во посебна просторија каде имало чувари, болничар и лекар.

    Јочевда Лифшиц ги опиша условите во кои биле држени заложниците во Газа Таа рече дека било чисто, спиеле на душеци на подот во тунелите под Газа, а лекар им доаѓал на секои два до три дена.

    Старицата раскажа и дека на еден од заложниците кој бил тешко повреден во сообраќајна несреќа со мотоцикл на пат кон Газа, му била прижена помош за санирање на повредите.

    85-годишната Израелка привлече големо внимание во јавноста и поради нејзиниот необичен потег кога при ослободувањето се врати да му пружи рака и да му се заблагодари на борецот на Хамас кој ја придружуваше.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img