More

    80 отсто од идеите имаат основа во зелената енергија

    spot_img

    Четири  средни училишта добија награда за „Најдобар бизнис концепт 2022 година“ од страна на новоформираниот Центар за извонредност на стручно образование и обука на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје“.

    – Првото место го освои тимот на СУГС „Никола Карев“ од Скопје со концептот „Нов иновативен систем за наводнување“ и парична награда од 110.000 денари. Второнаграден е тимот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола со проектот „3Д фабрика“, кој добива и 5.000 денари. Третото место го поделија тимовите на СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје со проектот „Паметно решение за паркинг“ и тимот на СЕПУГС „Арсениј Јовков“ од Скопје со концептот „Еколошки торби“. Овие тимови ќе добијат по 20.000 денари – информираат од Центарот.

    Трајче Велковски кој е раководител на ново оформениот центар, а кој воедно беше и член на Комисијата истакна дека за поздравување е фактот што повеќе од 80 проценти од предложените бизнис концепти базираат на идеи кои ја помагаат зелената транзиција.

    – Преку работата на Центарот ќе ги стимулираме сите млади и во средното и во високото образование да бидат креативни и иновативни и да развиваат зелени вештини со цел да се справат со комплексните предизвици на времето кое претстои – рече Велковски.

    Овој натпревар се организира од 2006 година со цел да ги мотивира средношколците да усвојуваат стручни вештини кои ќе ги искористат за развивање на бизнис концепти, со ориентација кон зелена и циркуларна економија, што е фокусот на активност на Центарот за стручно образование и обука и проектот „Гриновет“ во кој покрај Машинскиот факултет од Скопје вклучени се и Сојузот на стопански комори на Македонија, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење, Раде Кончар ТЕП и АСУЦ „Боро Петрушевски“. Оваа година во финалниот дел од натпреварот учествуваа 16 тимови од средните училишта од осум градови од нашата држава.

    Традиционален покровител и ко-организатор на натпреварот е фондацијата Македонија 2025, а спонзор на натпреварот е компанијата Рамбл од Канада. Во годинешниот натпревар како помагател се вклучи и компанијата „Витаминка“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img