More

    500 милиони евра вратени за 9 месеци

    spot_img

    Државата за девет месеци од оваа година извршила поврат на ДДВ кон стопанството во износ од 30,7 милијарди денари (околу 500.000 евра). Тоа е историски највисоко ниво на поврат на ДДВ извршен кон стопанството досега. Тоа е за 48,9 отсто споредено со цела 2021 година, а во однос на 2019  година е за 75,5 отсто повеќе.

    Како што соопшти Министерството за финансии, ова е резултат на зајакнатиот инспекциски надзор од страна на Управата за јавни приходи и поголемата ефикасност во наплатата на даночните приходи.

    – Повратот на ДДВ кон стопанството значи поддршка на ликвидноста и конкуреноста на компании, а особено е значајно што тој се врши тековно и навреме и тоа дава одредена сигурност на компаниите, а што е особено значајно во услови на криза, како што е случај во последните години со Ковид 19 и актуелната енергетска и ценовна криза – велат од Министерството за финансии.

    Оттаму додаваат дека ваквата динамика во процесот на поврат на ДДВ ќе продолжи и во иднина, со оглед на тоа што овој процес ќе има целосна автоматизација.

    Според објавените споредбени податоци за повратот на ДДВ последните три години покажуваат дека од година во година се зголемува износот. Така што за цела 2019 година е направен поврат од 17,5 милијарди денари, во 2020 година 17,8 милијарди денари, во 2021 година 20,6 милијарди денари, а во 2022 година само за девет месеци има за 30,7 милијарда денари.

    Извршениот поврат на ДДВ во 2022 година за деветте месеци е за 19,3 милијарди денари повисок во однос на повратот извршен во првите девет месеци од 2014 година.  Така што во 2014 година бил извршен повратот во деветте месеци во износ од 11,4 милијарди денари, 2015 година 12,1 милијарда денари, во 2016 – 11,6 милијарди денари, во 2017 – 13,8 милијарди денари, во 2018 – 17,5 милијарди денари, во 2019 и 2020 година по 18,2 милијарди денари и во 2021 година 30,7 милијарди денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img