More

    31 милијардери во светот имаат повеќе пари од трезорот на САД!

    spot_img

    Нивото на готовина во американскиот трезор паѓа на опасно ниско ниво, бидејќи Вашингтон чека до последен момент да ја подигне горната граница на јавниот долг.

    Според најновите федерални податоци, американскиот трезор на 25 мај, до завршувањето на работното време, имал само 38,8 милијарди долари во готовина, што е многу блиску до минимумот од 30 милијарди долари.

    За споредба, 31 милијардер вредат повеќе отколку што има американската федерална влада во готовина, според Bloomberg Billionaires Index.

    На врвот на листата на милијардерите што моментно се побогати од американскиот трезор е модниот магнат Бернард Арно, претседател на компанијата за луксузни стоки LVMH, кој има проценета нето вредност од 193 милијарди долари. Сопственикот на Тесла и на Твитер, Илон Маск, вреди 185 милијарди долари, а основачот на Амазон, Џеф Безос, има нето богатство од 144 милијарди долари.

    На листата од 31 милијардер кои вредат повеќе од вредноста на „Вујко Сем“ се имиња како Мајкл Дел, легендарниот инвеститор Ворен Бафет и ко-основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, но и милијардери од понизок профил како францускиот милијардер Франсоа Пино и претседателот на „Шанел“, Ален Вертхајмер.

    Американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом во американскиот Сенат, Кевин Мекарти, постигнаа двопартиски договор за суспензија на плафонот на долгот до 1 јануари 2025 година.

    Доколку Конгресот не го подигне плафонот на долгот до 5 јуни, министерката за финансии, Џенет Јелен, предупредува дека владата нема да има доволно средства за САД целосно и навреме да ги платат сите обврски.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img