More

    17 мај е прогласен за Светски ден на хипертензијата од страна на Светската лига за хипертензија, утре ќе се вршат бесплатни ЕКГ прегледи, мерење на крвен притисок, а ќе им се дели и едукативен матерјал

    spot_img

    17 мај е прогласен за Светски ден на хипертензијата ( покачен крвен притисок) од страна на Светската лига за хипертензија (www.whleague.org).
    Статистичките податоци за оваа болест се зстрашувачки, во САД една четвртина од возрасните жени и четворица од десет мажи имаат покачен крвен притисок. Дури и во земјите со најразвиени здравствени системи третманот е субоптимален, кај нас состојбата е уште полоша. Покачениот крвен притисок доведува до оштетување на низа органи и органски системи ( срце и крвни садови, мозочен удар, бубрези…) и е виновник на огромен број смртни случаи кои е возможно да се превенираат. За тоа да се случи потребно е подигање на свеста за потребата за редовно контролирање и третман на оваа болест. Токму затоа мотото на годинешниот 17-ти мај е Мерете го вашиот крвен притисок редовно, контролирате го, живејте подолго!
    По повод Светски ден на хипертензијата, Крка фарма Скопје во соработка со Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, Специјализираната болница за нефрологија Струга, Здружението за мозочен удар од Охрид и Црвен крст Охрид утре (17.05.2023) од 13 до 16 часот на Градскиот плоштад во Охрид, ќе организира настан за подигање на свесноста на граѓаните на општина Охрид за значењето на хипертензијата како еден од најзначајните ризик фактори кои го засегаат здравјето на луѓето. На настанот медицински екипи од овие болници, ќе вршат бесплатни ЕКГ прегледи, мерење на крвен притисок, а ќе им се дели и едукативен матерјал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img