More

    113 општественици бараат 3 Март да не биде државен празник на Република Бугарија

    spot_img

    113 бугарски општественици апелираат до пратениците во Народно собранието да донесат законска одлука за укинување на 3 Март како државен празник на Република Бугарија и да се определи нов, „еден, навистина достоен ден за бугарски национален празник“, јави бугарскиот портал Фактор.

    Апелот е отворен за јавна поддршка, може да биде поддржан и по електронски пат, а формално ќе биде поднесен во Собранието следната недела.

    „Неприфатливо е да се продолжи како национален празник да се слави роденденот на рускиот император Александар II и потпишувањето на Санстефанскиот прелиминарен нацрт-договор меѓу Руската и Отоманската Империја. Со овој нацрт-договор, во пракса, се легализира руската воена и политичка окупација над бугарските земји, се потврдува нивното преминување од отоманско во скриено, но де факто неопределено руско владеење. Ова не е државотворен чин на Бугарија – во него не учествувал ниту еден Бугарин. Третата бугарска држава не била основана тој ден.

    Ги повикуваме народните избраници во 48. Народно собрание да донесат итна и одговорна одлука, со која всушност ќе можат да придонесат за единството на бугарската нација“.

    Како што е познато, на 3 март 1878 година во Сан Стефано, место западно од Истанбул, е потпишан Санстефанскиот мировен договор е договор помеѓу Руското Царство и Отоманското Царство, склучен на крајот од Руско-турска војна (1877-1878). Со договорот всушност се воспоставила Санстефанска Бугарија како независна држава. Според некои извори, за Русија Санстефанскиот договор претставувал само прелиминарен договор кој требало да служи како основа за понатамошни преговори со останатите големи сили од тоа време. Австроунгарија, Британската Империја и Франција не биле задоволни со проширувањето на влијанието на Русија, додека Србија и Грција биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство довело до потпишување на нов мировен договор само неколку месеци подоцна, на Берлинскиот конгрес одржан во јуни и јули 1878 година.

    Во прогласот на општествениците коишто бараат нов национален празник на Бугарија, се вели:

    „Потсетуваме дека 3 Март беше наметнат тивко, прикриено и без никаква јавна дискусија, од владата на БКП и од марионетското Народно собрание во март 1990 година, како лажна демонстрација на отфрлањето на БКП на нејзиното советско-комунистичко минато и да се увери Русија дека Бугарија ќе продолжи да биде нејзин сателит и држава со ограничен суверенитет“.

    За предлагачите за укинување на 3 Март како национален празник на Бугарија, руската агресија врз Украина е „ уште една причина зошто националниот празник на Бугарија не треба да се поврзува со Русија, која веќе стана синоним за држава агресор и поробувач“.

    3 Март беше наметнат тивко, прикриено и без никаква јавна дискусија, од владата на БКП и од марионетското Народно собрание во март 1990 година, како лажна демонстрација на отфрлањето на БКП на нејзиното советско-комунистичко минато и да се увери Русија дека Бугарија ќе продолжи да биде нејзин сателит и држава со ограничен суверенитет

    „Националниот празник треба да биде на датум поврзан со сенароден настан, кој треба да биде причина за гордоста на секој бугарски граѓанин и кој го афирмира нашето достоинство и независност како народ – дел од Европа и цивилизираниот демократски свет“, се вели во апелот.

    Општествениците предлагаат неколку предлози за замена на 3 Март.

    „Денот на независноста на Бугарија, 22 Септември е достоен да биде прогласен за национален празник, заедно со Денот на обединувањето, 6 Септември или Денот на бугарската литература и култура, 24 Мај. Писменоста, единството и независноста на Бугарија се наши национални вредности и добра, со кои заслужено можеме да се гордееме не само денес, туку и во иднина“, се вели во апелот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img