More

    100 авиони и 120 бродови на готовс, нови војници доаѓаат во Естонија

    spot_img

    Контигнент од нови 850 британски војници, шест борбени тенкови и други воени возила ќе пристигнат во Естонија, а НАТО е спремно да се брани од евентуални закани на свои земји-членки. Генсекот на Алијансата, Јенс Столтенберг рече дека напад врз една земја ќе биде третиран како напад врз сите. Истовремено, украинскиот претседател Володимир Зеленски 40 минути разговарал со американскиот колега Џо Бајден, договарајќи нова помош и нови санкции за Москва.

    Над сто НАТО-вски авиони се на готовс

    НАТО става јасно до знаење дека било каков напад врз една од земјите сојузнички ќе биде третиран како напад врз сите, и ќе следува соодветен одговор.

    Распоредени се над илјада трупи ширум Алијансата, над сто џетови во повеќе од 30 локации, како и 120 бродови од северот до Медитеранот.

    – Ова е најсериозната закана за евроатлантската безбедност во децении, и за тоа има само еден виновник – рече тој – а тоа е Русија.

    Уште НАТО трупи пристигнуваат во Естонија

    Првите британски војници и камиони со дополнителна опрема стигнаа до Естонија за да го зајакнат тамошниот баталјон на НАТО, јави ДПА.

    Конвој со шест борбени тенкови и други воени возила стигна до воената база Тапа, соопшти естонската војска.

    Велика Британија соопшти дека ќе испрати засилување, а Лондон треба да испрати 850 војници и опрема во Естонија, со што речиси ќе го удвои тамошниот британски контингент.

    Единиците ќе бидат распоредени од британската база во Сенелагер во близина на Падерборн во Германија преку Полска, Литванија и Летонија до Естонија, која граничи со Русија.

    Зеленски и Бајден разговараа за „помош во одбраната“

    Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одржаа 40-минутен телефонски разговор, на тема санкциите за Русија и американската одбранбена помош за Украина.

    Според Белата куќа, двајцата лидери разговарале 40 минути.

    По разговорот, Зеленски на Твитер напиша дека двајцата дискутирале за „зајакнување на санкциите, конкретна одбранбена помош и антивоена коалиција“.

    Не беа откриени повеќе детали од повикот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img