More

    Ќе се разговара за иднината преку иновации и дигитална трансформација

    spot_img

    Иднината на компаниите, работната сила и администрацијата низ иновациите и дигиталната трансформација е главна тема на годинешниот Самит на Македонија 2025, што ќе се одржи во Скопје на 18-19 мај 2022 година, со физичко присуство.

    Самитот Македонија 2025 е врвен регионален настан кој претставува платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот, единствен од овој тип во Југоисточна Европа.

    Самитот 2022 ќе ги разгледа клучните области и приоритети за долгорочен раст на Македонија, регионот и светот во целина. На Самитот ќе се дискутираат актуелни регионални и глобални теми, како што се промените во бизнисот и општеството како резултат на дигитализацијата и развојот на технологијата, моќта на лидерството, градење на глобални брендови, дигитални општества, работните места и човечкиот капитал, како и „блокчеин“ технологиите и паметните договори.

    Ќе бидат презентирани исклучителни примери на трансформација на традиционални и локални бизниси во современи, глобални потфати и брендови преку користење на достапните напредни технологии и анализирани многукратните бенефити од овие промени за граѓаните и заедниците. Особен акцент ќе биде ставен на лидерството, како клучен фактор на овие трансформации, а во таа смисла и на важноста на целосната и еднаква застапеност на жените на сите нивоа, во приватниот и во јавниот сектор, а посебно во СТЕМ областите. Панелите треба да понудат одговори на клучните прашања кои како приоритет го имаат брзиот, а во исто време и долгорочен развој и просперитетна иднина на целиот регион.

    Сите овие теми се поврзани со Платформата за просперитетна иднина подготвена од Македонија2025која нуди основа за обединување на сите засегнати страни и усогласеност на клучните приоритети за долгорочен развој и за подобра иднина на Македонија.

    На настанот ќе присуствуваат преку 40 врвни говорници и 400 учесници, кои ќе имаат единствена можност да се запознаат со последните светски трендови во бизнисот, да се вмрежат со исклучителни професионалци и да остварат нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

    Дел од говорниците ќе бидатАна Брнабиќ, премиерка на Република Србија, Александрос Камарас – управен директор за Југоисточна Европа во Империал Тобако, Улар Јаксо – основач-партнер во Digital Nation Ltd.; Инес Капс – виш менаџер, раководител за управување со промени и комуникација во MSG советници, Ацо Момчиловиќ – ко-директор и ко-основач на Глобалниот институт за етика за вештачка интелигенција, Харди Пемхива – претседател и извршен директор на Cassava Technologies, Џајлс Норман – амбасадор на Канада во Србија, Црна Гора и Северна Македонија, Алесандра Молц – специјалист за вештини на Меѓународната организација на трудот, Јацек Ратајчак – извршен директор во Зониферо, Душан Васиљевиќ – директор на Одделот за конкурентност и инвестиции во НАЛЕД, Саша Билиќ – извршен директор во APIS IT, Ендру Вробел – основач и партнер на Emerging Europe, Реља Марковиќ – главен технички директор на MLCommons и многу други.

    Повеќе информации за учество на Самитот се достапни на официјалната веб-страна:  https://www.macedonia2025.com/summit-2022/

    Самитот официјално ќе го затвори претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а во првиот панел ќе се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.

    Меѓународната невладина организација по единаесетти пат го организира годишниот Самит Македонија 2025 кој претставува динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img