More

    Ќе заврши војната додека Македонија ja „одбрани“ Украина од Русија

    spot_img

    Декларацијата за поддршка на Украина не била преведена на албански јазик и поради тоа не било возможно денеска овој документ да се изгласа во Собранието, изјави за Плусинфо лидерот на ЛДП, Горан Милевски, чија партија е предлагач на Декларацијата за поддршка и заштита на територијалниот интегритет на Украина.

    – Додека ние ја донесеме Декларацијата, војната ќе заврши. Другите парламенти во Европската Унија заседаваа за време на викендот и ја донесоа поддршката за Украина, а ние сѐ уште не можеме да ја изгласаме Декларацијата. Како што денеска ни беше соопштено, документот не би можел да се најде на дневен ред оти не бил преведен на албански јазик. Чувствувам тенденција на одолговлекување и тоа не е воопшто добро. Очигледно, не сите политички партии во земјава се воодушевени од носењето на таква Декларација, оти на тој начин јавно ќе се декларираат за тоа какви ставови и страни заземаат – вели Милевски.

    Горан Милевски, ЛДП: Чувствувам тенденција на одолговлекување и тоа не е воопшто добро. Очигледно, не сите политички партии во земјава се воодушевени од носењето на таква Декларација, оти на тој начин јавно ќе се декларираат за тоа какви ставови и страни заземаат.

    Тој објаснува дека Декларацијата за Украина е официјален државен документ и парламентите на повеќе европски држави веќе одржале посебни собраниски седници на коишто дадоа недвосмислена поддршка за територијалниот интегритет на Украина и ја осудија инвазијата на Русија.

    – Собранието е највисокиот државен орган и потребно е во вакви моменти тој орган да се изјасни и да ја искреира официјалната политика на државата.  Изгласувањето на Декларацијата претставува симболичен гест и поддршка за Украина. Владата дава поддршка, ги применува санкциите за Русија, меѓутоа треба и законодавната власт да се произнесе и да ја осуди руската агресија – посочува лидерот на ЛДП.

    На прашањето дали со носењето на Декларацијата практично ќе им се затнат устите на оние коишто ја поддржуваат Русија во конфликтот со Украина, Милевски рече:

    – И јас тоа го гледам, а и претседателот Стево Пендаровски јавно кажа дека постои дел од македонскиот народ кој е наклонет кон Русија. Но, оваа Декларација јасно ќе каже дека политичките партии од сите провениенции не ја поддржуваат руската агресорска политика и дека цврсто стојат од страната на Украина. Тоа е еден сигнал кон Украина, кон меѓународната заедница, но и кон домашната јавност која ја поддржува Русија. А граѓаните, всушност, не ни знаат што точно се случува. Најголемиот дел од нив се изманипулирани од некаква пропаганда којашто долг период е присутна во земјава и затоа овие состојби не можат да ги сфатат како реални – објаснува Милевски.

    Во Декларацијата е наведено дека „Прифаќајќи го минатото, водени од стремежот да се надминат меѓусебните разлики и конфликти на дипломатски начин, во насока на заштита на постоењето на сите европски држави и нивната независност, како директен одговор на оние што ја доведуваат во прашање македонската државност и право на постоење, ние пратениците на Собранието, со оваа декларација најстрого ги осудуваме политиките што го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и се залагаме за обезбедување на поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.

    Земајќи предвид дека, како што се наведува во Декларацијата, рускиот напад врз Украина претставува еклатантно кршење на меѓународното право што не може да се оправда со ништо. Во документот се критикува актот на агресија на Русија под параванот дека политиките на Украина претставуваат „закана за безбедноста на руската држава и народ“.

    „Согледувајќи ја целокупната моментална ситуација во руско-украинскиот судир, препорачуваме Министерството за одбрана да се стави во приправност и силно да го осуди признавањето на делови од Украина, за независни држави, од страна на Русија. Полагањето право на територии каде што живее руски народ, или територии што некој смета дека се неоправдано одделени и не се дел од границите на Русија, е веќе еднаш видено сценарио, кое се обидел да го реализира Хитлер анектирајќи ја Австрија, Чехословачка и Полска“, се посочува во Декларацијата.

    Од СДСМ велат дека ја поддржуваат Декларацијата и апелираат до македонските граѓани да останат мирни, оти „како членка на НАТО, нашата земја може да смета на заштитата што ја нуди најмоќниот одбранбен сојуз во светот“.

    Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешни работи Антонио Милошоски вели дека и неговата партија ја поддржува Декларацијата и очекува заеднички документот да се усвои.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img