More

    Људмила Путин се премажила за 21 година помлад

    spot_img

    Људмила (64) и Владимир Путин (69) беа во брак 30 години, од 1983 до 2013 година и заедно добија две ќерки Марија и Катерина. По разводот, неговата сопруга повторно се омажила за 21 година помлад бизнисмен, кој веднаш купил голема палата.

    Кога објавиле дека се разведуваат, Људмила рекла:

    – Нашиот брак заврши поради фактот што едвај се гледаме. Владимир е целосно задлабочен во својата работа. Нашите деца пораснаа, тие го живеат својот живот, а јас баш не сакам публицитет – рекла таа во тоа време.

    Људмила никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието, па дури и кога била во брак со Путин, таа само формално се појавувала во јавноста.

    По разводот таа целосно се повлекла и денес малку се знае за неа.

    Таа наводно тајно се омажила за 21-годишниот бизнисмен Артур Очеретни во 2015 година, а ниту една од страните никогаш не ја потврдила ниту демантирала оваа информација.

    Новинарите од „Проект“ за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) откриле во 2017 година и објавиле дека Људмила и нејзиниот нов сопруг поседуваат мини-палата во близина на луксузното француско одморалиште Бијариц, која би можела да вреди и до седум милиони евра.

    Сопственик на палатата е Очеретни, но никому не му е јасно како успеал легално да се стекне со таков имот, бидејќи го купил само неколку месеци откако Људмила се развела од Путин, а приходите што ги имал тогаш не биле доволни.

    Извештаите за приходите и имотот поднесени од Људмила за време на нејзиниот брак со претседателот Путин покажуваат само релативно скромни износи. Затоа, неочекуваниот имот на Артур Очеретни покренува прашања за неоткриеното богатство на првото руско семејство.

    Очеретни на новинарите никогаш не им одговарил на прашањата за палатата, а не се знае ниту кој живее во неа денес, иако сѐ уште е во негова сопственост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img