Жителка на Дебар откако со плинска боца предизвикала пожар на балконот, ја фрлила боцата преку балкон по што биле опожарени два автомобила.
– Вчера во 11:20 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека Б.Б.(70) од Дебар, поради невнимателно ракување со плинска боца, предизвикала пожар на балконот од станот лоциран на улица 8 Септември, а потоа, боцата ја фрлила на паркинг простор пред зградата – информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Притоа, биле опожарени патнички возила „опел корса“ и „мерцедес“. Интервенирала Територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршиле полициски екипи.