More

    Ѕвездата на „Хари Потер“ заработила 16 милиони долари

    spot_img

    Том Фелтон без сомнеж ги фасцинираше гледачите со улогата на Драко Малфој во филмскиот серијал за Хари Потер, но тоа што е пофасцинантно е неговата заработувачка.

    Без оглед на тоа што тој во филмот беше најголемиот непријател на Хари, барем во внатрешноста на ѕидовите на Хогвартс, ликот на Фелтон имал само 31 минута и 45 секунди време на екранот во сите осум филмови.

    Актерот во тој нешто повеќе од половина час појавување на екран заработил 16 милиони долари. Тоа значи дека Фелтон заработувал по 523,943 долари по секоја минута на екранот.

    Фелтон на екранот во целиот серијал поминува помалку време од Даниел Редклиф, Ема Вотсон или Руперт Гринт кои имале по 539 минути, 205 минути и 211 минути, но изненадувачки, го гледаме него дури и помалку од Хагрид којшто успеал да собере 45 минути и 45 секунди прикажување на екранот.

    Актерот имал само 13 години кога започнало снимањето на „Хари Потер и каменот на мудроста“, а со оглед на тоа што поголем дел од децата од таа доба вообичаено се запознати со парите во своите касички, не е толку изненадувачки што Фелтон не ги потрошил најразумно парите од својата заработка.

    Актерот претходно рекол за „Дејли мејл“ дека поголем дел од парите потрошил на „типични тинејџерски работи“.

    „Си купив многу ѓубре кое децата го купуваат – скејтборди и облека и типични тинејџерски работи. И што можев, „фрлав“ пари на автомобили, главно „БМВ“, за себе и за своето семејство. Мајка ми, ми кажа: „Многу работеше за тоа, па купи си тоа што си сакаш, но внимавај, ќе изгубиш пари на автомобили“. И, беше во право“ изјавил актерот.

    Фелтон наводно се нашол во неволја со даночните службеници откако потрошил пари, а во еден момент дури имал и „судски извршител на врата“, но подоцна успеал да ги стабилизира финансиите благодарение на помошта на сметководител.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img