More

    Ѓорчев вели дека за Бугарите мора да има реципроцитет

    spot_img

    Членот на Извршниот комитет во вечерашното на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека актуелната влада на СДСМ и Димитар Ковачевски, своите фрустрации ги искажува на ВМРО-ДПМНЕ за сите порази кои што ги добива внатре и надвор од државата.

    Проблемот е што оваа власт ваква каква што е сето она што внатре во државата и во регионалната балканска политика го добива како порази и автоголови, сите тие фрустрации ги искажува на ВМРО-ДПМНЕ и на луѓето кои што имаат македонски позиции, луѓето кои што треба да им се сојузници во одбрана на македонските позиции, тоа е проблемот, рече тој.

    – Недоверба која што ја има македонскиот народ кон оваа влада и мнозинството на граѓани во државата ја компензираат со слабеењето на нашите позиции секаде и внатре и надвор – истакна Ѓорчев.

    Ѓорчев смета дека заевистичките политики кои што ги спроведува СДСМ, како и изјавата на Заев дека Македонија и Бугарија се две држави со еден народ, директно ги нарушува македонските позиции.

    – Со оваа заевистичка политика, со овие политики на Зоран Заев кои што се уште живеат во СДСМ, и од кои што СДСМ не се дистанцира туку напротив ги продолжува, со изјавите на Зоран Заев дека има две држави а еден народ, се нарушуваат македонските позиции – порача Ѓорчев.

    Според Ѓорчев кога била ВМРО-ДПМНЕ на власт имало вето само од Република Грција, за разлика сега кога има забелешки за корупција и немање на реформи од страна на Франција, Белгија, Данска, како и ветото од Република Бугарија.

    – Во време кога беше ВМРО-ДПМНЕ имавме вето само од Грција, потоа следната година дојде забелешки за корупцијата во Македонија од Франција, немање на реформи од државите како што се Белгија, Данска и цела низа на европски земји, сега дојдовме со оваа нивна политика и на вето од Бугарија – изјави Ѓорчев.

    Во однос на отворање на Уставот за впишување на Бугарите како бугарска заедничка, Ѓорчев порача дека Уставот не е пиши бриши тетратка за да се менува секоја година, нагласувајќи дека доколку се бара такво нешто тогаш мора да се има реципроцитет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img