More

    Штајнмаер: Не смееме да го уништиме големото дело на обединета Европа

    spot_img

    Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер синоќа изјави дека војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина е исто така „војна против европското единство“.

    – Војната на Путин против Украина е и војна против европското единство. Не смееме да дозволиме да не поделат, не смееме да го уништиме големото дело на обединета Европа што го започнавме со толку многу надеж – истакна Штајнмаер во говорот во Падерборн.

    Тој наведе дека војната во Украина „двојно повеќе влијае врз заедничките основи на нашите вредности и на нашиот мировен поредок“.

    – Русија не застанува со оспорување на границите, не запира со окупација на територијата на независна и суверена соседна земја, туку оди дотаму што ја оспорува украинската државност – посочи Штајнмаер.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img