More

    Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се наоѓа во најтешката ситуација во животот

    spot_img

    Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се наоѓа во најтешката ситуација во животот. Шпански новинар открива дека тој не само што има проблем со стапалото туку коската внатре во стапалото умира. Тоа значи дека Надал ќе ја заврши кариерата по овогодинешниот Ролан Гарос, вели Анхел Гарсија за радиостаницата „Копе“. Според него, Надал ќе престане да игра барајќи решение за болеста, „доколу воопшто го најде“, пренесува Мондо.

    Надал одигра маратонски мечеви против Оје-Алијасим и Ѓоковиќ и стигна до полуфиналето на овој турнир, но се чини дека проблемот е многу поопасен отколку што изгледа додека го гледаме.

    Анхел Гарсија објаснува дека Надал може да биде отсутен еден месец, шест месеци, или никогаш да не му се врати на тенисот. Тој има големи болки и наводно целото стапало му е анестезирано, што е голем ризик, но сепак продолжува да игра на Ролан Гарос каде очајно сака да го освои својот 14-ти трофеј.

    Неофицијално, Надал има аваскуларна некроза, што е болест на коските предизвикана од „привремено или трајно нарушување на снабдувањето со крв во коскената област“, поради што умира коскеното ткиво.

    Одамна е познато дека Надал го има синдромот Милер-Вајс . Тоа е болест на коските на стапалата, која предизвикува силна болка при секое движење. За нештата да бидат почудни, овој синдром главно се јавува кај луѓе на возраст меѓу 40 и 60 години и е почест кај жените, а кај Надал беше дијагностициран уште во 2005 година.

    Тоа е дегенеративно заболување кое претставува дисплазија на скафоидната коска во стапалото. Едноставно кажано, тоа е деформација на коската која се наоѓа во средишниот дел на стапалото. Болеста е тешко да се открие во рана фаза, а ситуацијата само се влошува додека пациентот оди или трча, што Надал го правеше многу во претходните две децении.

    Затоа Надал на турнирот во Париз е придружуван од неговиот лекар Анхел Руиз Которо, кој му обезбедува терапии пред и по секој меч, а Рафа изјави дека за своите проблеми ќе зборува дури кога ќе заврши Ролан Гарос.

    – Во Рим изјавив дека ќе имам лекар со мене, тоа ми помага. Не е време да зборувам за тоа, реков дека ќе зборувам за тоа кога ќе заврши турнирот. Давам сѐ од себе за да играм на Ролан Гарос во најдобра состојба, но не знам што ќе се случи. Ќе бидам добро тука … Доволно сум возрасен да не кријам работи и да кажам што не мислам. Искрено, не знам што ќе се случи по турнирот. Ако не ми успее со ногата, ќе ми биде исклучително тешко. Уживам што сум овде и не размислувам за иднината. Ќе се борам за решение, но јас само сакам да играм во полуфиналето – изјави Надал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img