Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин сериозно се сомнева дека зголемената воена активност на Кина во регионот на Тајванскиот теснец е знак за неизбежна инвазија врз островот од страна на Пекинг.
– Навистина видовме зголемена активност на кинеската авијација над Тајванскиот теснец. Видовме и зголемена активност на кинеските поморски сили околу Тајван – рече Остин.
Тој ова го изјави на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и нивните јапонски колеги.
– Но, дали тоа значи дека инвазијата е неизбежна? Искрено, сериозно се сомневам во тоа – рече шефот на Пентагон.