More

    Цената на еврото се намали на 1,0525 долар

    spot_img

    Поради несигурноста на финансикиот пазар, вредноста на американскиот долар постојано се зголемува во споредба со референтните валути, достигнувајќи највисоко ниво во изминатите 5 години.

    Индексот на доларот што ја покажува вредноста на американската валута во однос на 6 најважни светски валути изнесува околу 103,28 бодови, додека вчера тој однос изнесуваше 102,37 бодови.

    Доколку доларот дополнително зајакна на 103,82 бода, тоа ќе биде највисока вредност на неговиот индекс од 2002 година.

    Изутринава односот на доларот кон јапонската валута порасна од вчерашните 127,45 на 129,65 јени.

    Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се намали на 1,0525 долар што е најниско ниво во изминатите пет години. Еврото вчера изнесуваше 1,0635 долари.

    Инаку, американскиот долар се смета побезбедно засолниште за капиталот во несигурни времиња.

    Кога станува збор за нафтата на светските берзи, таа втор ден по ред е под зголемен притисок. Барелот нафта на Лондонската берза се намали за 1,52 отсто достигнувајќи 103,72 долари, додека на берзата во Њујорк барелот поевтини за 1,53 отсто и изнесува 100,46 долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img