More

    Царинска унија е крајната цел на регионалната соработка

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска учествуваше на Самитот во организација на „Македонија 2025“, чија главна тема беше регионалната соработка, со фокус на економијата, иднината на компаниите, работната сила и администрацијата низ иновациите и дигиталната трансформација.

    Во дискусијата на темата регионална соработка и концептот „Отворен Балкан“ Ковачевски оцени дека регионалната соработка е клучна за пребродување на кризата во која се наоѓаме. Тој подвлече дека земјите од Отворен Балкан имаат формирано тимови кои работат на заедничка промоција во однос на привлекување на директни странски инвестиции, а се работи и на заедничка промоција на туризмот во сите држави и промоција на производите што се поврзани со туристичката дејност или индустрија. Како што рече, од големо значење е олеснувањето на сите нетарифни бариери на границите и тоа веќе е направено во делот на фитосанитарните услуги, во делот на транспортот на границите.

    – Во моментот се работи на единствен ИД број којшто оние кои ќе решат својата кариера да ја продолжат во една од трите земји, тоа ќе можат да го направат на наједноставен начин преку овој број. Тој важи во сите три држави, без да мора да се бараат работни дозволи на секоја недела или секој месец – рече Ковачевски.

    Тој најави дека регионалната соработка продолжува и во други области, како култура и образование, сé со цел да се намали јазот со ЕУ.

    – На овој начин самиот регион ќе стане попривлечен за ЕУ. Ниедна голема компанија нема да замижи пред голем пазар од 20 милиони луѓе. Крајната цел на „Отворен Балкан“ е една царинска унија во која слободно ќе се тргува и ќе се инвестира капитал – истакна Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img