More

    Фотографијата ја покажа вистината за неговата состојба

    spot_img

    Актерот Брус Вилис (66), според странските медиуми, има сериозни проблеми со памтењето на текстовите, како и со дијалогот, што многумина првично го препишаа на неговата мрзеливост. Меѓутоа, како што се испостави, работата е многу посериозна.

    Откако му беше дијагностицирана афазија, актерот реши да се повлече од јавниот живот, а сега е виден за прв пат по објавувањето на веста.

    Неговата сопруга Ема Хеминг (43) со мелодијата на Хонки Тонк Жените од „Ролинг Стоунс“ ја објавила снимката. Брус бил „фатен“ како шета во шума за време на ведар пролетен ден.

    Актерот делувал среќно и изгледа ужива во друштвото на сопругата, која периодов му е голема поддршка.

    Таа споделила и серија фотографии од излетот на кои се таа и Брус соопис: „Мама и тато во нивното омилено живеалиште“.

     

     

    Семејството на Вилис, вклучително и неговата сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур (59) и петте ќерки, објавија заедничка изјава на Инстаграм минатата недела во која се наведува дека холивудската икона „има здравствени проблеми и дека му е дијагностицирана афазија, која влијае на неговата когнитивни способности и дека нема да глуми во иднина“.

     

     

    Брус со години беше во брак со Деми Мур, беа златна холивудска двојка. По долги години брачен живот се разведоа. Потоа, актерот со години менуваше девојки, но не успеа да се смири. Сѐ додека не ја запозна Ема.

    Нивната љубов не била на прв поглед. Брус и Ема Хеминг, која е 23 години помлада од него, прво биле пријатели, а од тоа пријателството се родила голема љубов.

    Во еден момент, по долгогодишно дружење, сфатиле дека се создадени еден за друг, дека имаат исти погледи на светот и интереси.

    Брус и Ема добија две ќерки во 2012 и 2014 година, Мејбел и Евелин.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img