More

    ФИФА и забрани на Данска да носи дресови со „политички пораки“

    spot_img

    Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и забрани на данската репрезентација да тренира во дресови со пораки за почитување на човековите права на Светското првенство во Катар.

    Како што изјави за Франс прес портпаролот на Фудбалскиот сојуз на Данска, Џејкоб Хојер, светската куќа на фудбалот го одбила барањето на Данците да носат дресови со порака: „Човекови права за сите“.

    Данска долго време се противи на организацијата на Светското првенство во Катар и го брани почитувањето на правата на работниците мигранти и ЛГБТ популацијата.

    „Испративме барање до ФИФА, но одговорот беше негативен. Жалиме, но мораме да го земеме предвид“, изјави за данските медиуми генералниот директор на Здружението Јакоб Јансен.

    Здружението претходно најави дека дресовите за тренинзи ќе носат важни пораки и дека главните спонзори се договориле да ги заменат нивните обележја со тие пораки.

    ФИФА ги забранува сите политички пораки, а неодамна ги повика сите учесници да се концентрираат на фудбалот и да не се впуштаат во идеолошко-политички пресметки.

    Фудбалскиот сојуз на Данска не се согласува дека ова е политичка порака, но ќе ја почитува одлуката на ФИФА, се додава во соопштението.

    На дресовите во кои Данска ќе игра на Светското првенство, производителот на опрема Хумел го затемни своето лого во знак на протест против катарските власти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img