More

    Ураганот Иан донесе пустош и однесе човечки животи

    spot_img

    Ураганот Ијан можно е да предизвикал „значителна” загуба на животи на Флорида и да стане најсмртоносниот ураган што некогаш ја погодил јужната американска држава, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден.

    Тој рече дека бројките се уште не се јасни, но дека доаѓаат првите информации за човечки загуби, кои би можеле да бидат „значителни”.

    – Тоа би можело да биде најсмртоносната катастрофа во историјата на Флорида, рече Бајден за време на обиколката на просториите на Федералната агенција за управување со катастрофи.

    Бајден претходно прогласи состојба на значајна природна катастрофа за државата Флорида, овозможувајќи со тоа да се деблокираат дополнителни федерални средства за погодените области.

    Рон ДеСантис, гувернерот на Флорида, ја опиша штетата од ураганот Иан како историска. Тој рече дека ќе бидат потребни години за државата да се опорави. Десантис на прес-конференција соопшти дека засега има сомнежи оти две лица станале жртви на стихијата. Тој рече дека ураганот го променил изгледот на голем дел од државата, а на некои места нивото на водата се зголемило за половина метар за неколку часа.

    – Никогаш не сме виделе вакви поплави, рече тој. Засега се уште е рано да се процени штетата, наведуваат американските медиуми.

    Утрово повеќе од 2,6 милиони домови и деловни објекти на Флорида се без струја од вкупно 11 милиони. Форт Мајерс, Кејп Корал, Пунта Горда, островите во окрузите Ли, Шарлот и Колиер се тешко погодени. Во централно-источниот дел на државата поплавите, исто така беа катастрофални.

    Бурата сега се движи кон Јужна Каролина, а потоа се очекува да се врати над океанот до крајот на денот. Според метеоролозите, Иан може повторно да зајакне.

    Ураганот Иан вчера попладне по локално време ја погоди државата Флорида како бура од четврта категорија. Тој го погоди копното во југозападниот дел на државата пред да продолжи да напредува кон исток. Потоа ослабе до тропска бура. Издадено е предупредување за ураган за американската сојузна држава Јужна Каролина. Ветровите денеска се зголемија на речиси 110 километри на час, што е малку под силата на ураганот, при посилни налети.

    На Куба, од каде ураганот помина пред да ја погоди Флорида, тој предизвика прекин на електричната енергија во голем дел од земјата, пренесе ТАСС. Голем дел од главниот град Хавана остана без струја, а општинските работници продолжуваат да ги чистат улиците од паднатите дрвја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img