More

    Украинците полека напредуваат, соборени 16 дронови

    spot_img

    Додека украинските сили полека напредуваат кон клучниот град Херсон, кој ја поврзува Украина со Крим, Киев информира дека руските сили во последните 24 часа извршиле 40 ракетни напади во девет украински региони. Русите гаѓале индустриски и енергетски капацитети со 16 ирански дронови Шахед-136. Украинците подоцна се пофалија дека успеале да ги соборат сите дронови-камикази.

    Ова се најжестоките руски ракетни напади врз Украина од почетокот на октомври.

    Американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк Институт за проучување на војната (ИСВ) објави нов извештај за ситуацијата во Украина, каде Русија во последните недели жестоко ја напаѓаат инфраструктурата на земјата.

    фото: твитер/принтскрин

    Во извештајот се наведува дека „рускиот бран напади врз украинската енергетска инфраструктура создава хуманитарна трагедија, но не ја менува значително ситуацијата на фронтот”. Се додава дека „руските изговори за вакви напади стануваат сѐ попразни”.

    Украинскиот премиер Денис Шмихал во интервју за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг предупреди дека Русија ја турка Украина кон хуманитарна катастрофа со напади врз енергетската инфраструктура.

    – Русија сака Украина да има таква зима во која многу луѓе буквално би можеле да замрзнат до смрт – изјави Шмихал за весникот.

    Руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина, која според некои проценки изгуби 30 до 40 отсто од својот капацитет, може да доведат до „планирана хуманитарна катастрофа каква што Европа не видела од Втората светска војна”, нагласи Шмихал.

    Украинскиот премиер истакна дека поради руските напади и нивните последици Украинците би можеле масовно да побегнат во Европа.

    Целта на ваквите напади, според ИСВ, е да се принуди Украина да инвестира сѐ повеќе воени ресурси во обезбедување на инфраструктурата наместо во контраофанзиви. Прекините на електричната енергија, студеното време и оштетувањата на зградите најверојатно ќе ги дополнат страдањата на украинските цивили пред претстојната зима, наведува ИСВ.

    Од другата страна, украинската армија тврди дека постигнува успеси додека нејзините сили се пробиваат кон југот на земјата, каде што влегле во најмалку две села напуштени од руски војници.

    „Уште малку, држи се Херсон. Украинската армија е на пат“, напиша украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на социјалните мрежи.

    Украинската армија соопшти дека во ноќта од саботата кон неделата соборила 16 дронови камикази. Воздухопловните сили на Украина утринава соопштија дека 14 ирански дронови Шахед-136 биле соборени во регионот на Миколаев, а уште два биле соборени на истокот и северот на земјата.

    Украинската војска утринава го гранатираше Енергодар, оштетена е цивилната зграда, соопшти шефот на градската управа Александар Волга.

    „Неделното утро започна со гранатирање на Енергодар. Оштетен е цивилен објект. Украинските нацисти повторно ги покажаа своите вистински бои, таргетирајќи цивилен објект. Нема жртви и тоа е најважно“, напиша Волга на својот канал Телеграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img