More

    Украинската манекенка, пејачка и поранешна Плејбој зајачица Даша Астафиева волонтира во воената кујна, каде се подготвуваат оброци за украинските војници

    spot_img

    Украинската манекенка, пејачка и поранешна Плејбој зајачица Даша Астафиева во моментов волонтира во воената кујна, каде се подготвуваат оброци за украинските војници. Во фотка на својот Инстаграм таа објави како лупи компири, краставици и зеленчуци. Таа се сликала заедно со други жени во кујната со намирниците, пренесува Б92.

    Даша Астафиева е родена во Украина во 1985 година. Кога била девојче, Астафјева пронашла копија од Плејбој во плакарот во куќата на нејзиното семејство.

     

    – Бев шокирана бидејќи не разбирав колку убаво може да биде женското тело. Тогаш си реков дека еден ден ќе сакам да позирам за во списание. Имав само 9 години – изјави таа во интервју за АскМен во 2008 година.

    Астафиева почна да се занимава со манекенство во 2003 година, а пет години подоцна стана една од основачите на украинското поп музичко дуо Никита.

     

     

    Таа беше прогласена за „Плејбој“ на годината за украинскиот Плејбој во 2007 година, а две години подоцна, во јануари 2009 година, Астафиева беше девојка на месецот на Плејбој. Таа беше и на насловната на спиаснието по повод 55 години од основањето на магазинот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img