More

    Турција и на македонски јазик ќе ја викаме Туркије

    spot_img

    Турција и на македонски јазик ќе ја викаме Туркије. Именките Турчин и Турчинка остануваат. Останува и придавката турски.

    Ова е ставот на скопскиот Институт Јунус Емре за ова прашање. Но, како што велат од таму за Плусинфо, тоа е и официјалниот став на Турција, која вчера се запиша во Обединетите Нации под името Туркије.

    Во турскиот јазик постои двогласникот „ü“, но на македонски тој се транскрибира во „у“ и така и ќе остане, објаснуваат од Институтот.

    До промена на името на Турција дојде откако министерот Мевлут Чавушголу му напиша писмо на генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, јавува Анадолија.  Името Türkiye, како што и самите Турци ја нарекуваат Турција, се очекува да биде прифатено од сите земји. Уште во февруари годинава претседателот Ердоган изјави дека името „на најдобар начин ја претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација“.

    Лингвистот Игор Радев за начинот на кој новото име треба да се пишува и изговара во македонскиот јазик вели:

    – Ние ќе се водиме од фонетиката на нашиот македонски јазик. Веројатно само во официјална кореспонденција што се врши на англиски јазик, Турција (сега Turkey) ќе се замени со Туркије (Türkiye). Ние гласот „ü“ и да сакаме не можеме да го изговориме, затоа што тој глас не постои во македонскиот јазик. Не можеме да ја менуваме фонетиката на сопствениот јазик.

    И не треба, објаснува Институтот Јунус Емре. Гласот „ü“ на македонски јазик ќе се изгоивара како и досега – како „у“.

    Малата лингвистичка дилема се појави и поради фактот што именката Турција, со којашто во македонскиот јазик се именува Туркије, не создржи пежоративни елементи како во именката Turkey на англиски јазик, која може да има и друго значење – мисирка. Именката Турција нема такви и слични значења.

    Но ете, дилемата се расчисти. Од сега Турција и на македонски јазик ќе биде Туркије.

    Нека е честито новото име!

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img