More

    Српските бизнисмени гледаат позитивно на најавите на Вучиќ

    spot_img

    Српските стопанственици позитивно ја оценуваат најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија ќе ѝ даде гас на Македонија во текот на зимата, вели за Телма, Небојша Атанацковиќ, бизнисмен и претседател на српската унија на работодавачи вели дека тоа е придобивка од иницијативата Отворен Балкан.

    Вчера српскиот претседател потврди дека ќе ја помогне Македонија со гас за централата ТЕ-ТО.

    – Ги решаваме проблеми и со Македонците затоа што имаат гасна станица што може да произведува струја на гас, па да им дадеме гас. Тоа се 5-7 отсто од зимската потрошувачка на струја – додал тој.

    – Чекаме да нѐ известат дали ќе дозволат 100 мегавати струја низ системот. Ова е навистина важна работа бидејќи дополнително би обезбедиле енергија (струја) за нашите граѓани – посочил Вучиќ.

    Според него, во Европа, Германија „ќе оди во рајот во однос на другите“.

    – Најсилни се (Германците) реално, можат фигуративно да фрлаат пари и веќе потрошија милијарди за да ги спасат своите компании – објаснува српскиот претседател.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img